Search

Две лица починале од Ковид-19, 16 нови случаи, вкупната бројка на заболени 257 лица

Две лица починале на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби како последица на Ковид-19, 91 годишен пациент и 31 годишен пациент.

Како што информираше денеска на прес-конференцијата министерот за здравство Венко Филипче 91-годишниот пациент бил хоспитализиран пред осум дена, а изутринава починал и пациент на 31 годишна возраст, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата. Тој бил во тешка клиничка состојба и од вчера бил ставен на респираторна машина.

Изминатите 24 часа, како што информираше Филипче, има 16 новодијагностицирани случаи, со што вкупната бројка на дијагностицирани во земјава изнесува 257 лица. Со новите случаи до денеска од Ковид-19 починале шест лица.

На Инфективната клиника, додаде тој се примени тројца пациенти, од Скопје и од Куманово и во моментов таму има вкупно 49 хоспитализирани лица, од кои седуммина се со потешка клиничка слика, односно имаат пневмонија, а другите пациенти се во стабилна состојба. Во моментов нема пациенти на респираторни машини.

Треба да знаете
Последни објави