Search

Две лица починаа на Инфективна, дијагностицирани 44 нови случаи, вкупно 329

Министерството за здравство соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар.

Починатиот од Куманово, како што се посочува имал дијабетес, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.

Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата.  По градови: Куманово- 23, Скопје – 11, Тетово – 4, Битола- 3, Струга – 2 и Прилеп – 1.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје – 175, Дебар – 47, Куманово – 47, Штип – 14, Тетово – 10, Прилеп – 10, Струга – 7, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Крива Паланка – 1, Струмица – 1, Гевгелија – 1.

Од 392 направени тестови во изминатото деноноќие 262 се направени преку Институтот за јавно здравје, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Клиниката „Жан Митрев”. Досега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19, информираат од Министерството за здравство.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави