Search

Две лица починаа во Шкотска, се заразиле од измет од гулаб

Двајца пациенти умреле во универзитетската болница „Квин Елизабет“ во Глазгов, откако се заразиле со гливична инфекција од измет од гулаби, објави Би-би-си.

Откако биле откриени случаите на зараза со Cryptococcusom, која во главно се наоѓа во телото и во изметот на гулабите, во болницата веднаш биле преземени мерки на контрола и превенција од понатамошна зараза.

Надлежните на локалното јавно здравство изјавиле дека повозрасниот пациент починал, но и дека инфекцијата не била причина за смртта, додека за другиот пациент се уште се утврдува причинатаза смртта.

Според првичните информации, гливиците најверојатно се наоѓале во делот на болницата каде пациентите немаат пристап, а исто така потврдиле дека заразениот измет е отстранет.

Треба да знаете
Последни објави