Search

Две лица повредени во вкупно 11 сообраќајки во Скопје

Десет лица биле полесно повредени во пет од вкупно 11 сообраќајни незгоди што вчера се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Во шест сообраќајки била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала еден возач кој се движел со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила тројца возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило, како и четири нерегистрирани возила.

Санкционирани биле тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и  еден возач за неправилно престигнување

Со помош на  специјалното возило „пајак”, отстранети биле 66 возила. 

Треба да знаете
Последни објави