Search

Две лица во Кина заразени од чума

Две лица кои живеат во близина на кинеската граница со Монголија се заразиле со пневмонична чума, само шест месеци откако две лица во истиот регион починале од чума. Двајцата пациенти се ставени во карантин во Пекинг и кинеската влада соопшти дека презела превентивни мерки, пренесува „Дејли мејл“. Пневмоничната чума се шири различно од обичната чума, која е одговорна за голем број смртни случаи во 14 век, и може да се шири со кашлање, со кивање или со плукање и може да предизвика смрт во рок од 24 часа. Двете лица кои починаа од чума во април,  болеста ја добиле јадејќи суров бубрег од мрмот, што традиционално се смета дека носи добро здравје.

Кинескиот центарза контрола и превенција на болести најави дека е екстремно низок ризикот од ширење на чумата во Пекинг и дека е безбедно да се оди во медицински установи, пренесува кинеското радио „Интернешнл“.

Треба да знаете
Последни објави