Search

Две кампањи на „Њу момент” во финалето на фестивалот за маркетинг „БалКанс”

Две кампањи на маркетинг-агенцијата „Њу Момент”, „Кога пчелите ќе стивнат” и герила-акцијата „Ослободување на дрвјата” продуцирани и реализирани изминатава година, беа избрани во најдобрите 25 проекти во регионот на фестивалот за маркетинг „БалКанс”.

Кампањата „Кога пчелите ќе стивнат” е работена како социјален експеримент за последиците од изумирањето на големи пчелни семејства поради климатските промени и загадувањето. Кампањата е направена за потребите на Германското друштво за меѓународна соработка со седиште во Скопје, GIZ (The Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit).

Герила акцијата за ослободување на дрвјата низ Скопје, агенцијата Њу Момент ја работеше како про-боно проект, заедно со Институтот за комуникациски студии и невладината организација за чист воздух О2 Иницијатива. Целта на кампањата беше подигнувањето на јавната свест за близу 1000 дрвја чии корени се заробени под градскиот бетон, со цел нивно ослободување и враќање во процесот како заштитници на чистиот воздух.

– Во годината во која една работа беше сигурна, дека ништо не е сигурно, единствен начин да излеземе од психичкиот товар на Ковид 19 кризата, е да се држиме до слободата која ја пружа креативноста и различните начини накои и како индивидуалци и како компанија, можеме да ги искористиме за да бидеме корисни и за себе и за нашата заедница. Можеби, наградите за токму овие две кампањи, ни укажуваат на еден од најголемите проблеми што како држава ги имаме е загадувањето од различни видови и мора да работиме и на подигнување на јавната свест и на поттикнување на надлежните институции за агилност и посветеност во решавањето на проблемот. Навистина сме благодарни на нашите клиенти за отвореноста и храброста да се пренесат пораките на поразлични начини од традиционалните, но и затоа што ја препознаваат Њу Момент како партнер за вакви проекти. Секако среќни сме што и членовите на жирито на БалКанс, претставниците на медиумите и членовите од индустријата на маркетингот од регионот, ги препознаваат нашата креативност и посветеност и во вакви времиња, во кои корона темата е доминанта во сите сфери, вели Филип Димитров, директор за услуга на клиенти и еден од креаторите на кампањите.

„Њу Момент” е една од најстарите маркетинг агенции во нашата држава и една од најнаградуваните во регионот со повеќе од 120 меѓународни награди за креативност во своето порфолио.

Треба да знаете
Последни објави