Search

Две жртви откако се урна американски воен хелликоптер во Авганистан

Двајца американски војници загинаа денеска кога нивниот хеликоптер се урна во Авганистан, соопштија американската војска, без да дадат детали.  Талибанците тврдат дека тие го урнале хеликоптерот.

Во краткото соопштение на американската армија се вели дека е покрената истрага, истакнувајќи дека првичните извештаи не укажуваат дека во прашање е непријателски оган.

Талибанците тврдат дека собориле хеликоптер „Чинук” во источната провинција Логар и дека има „многу жртви”.

Авганистанското Министерство за одбрана, ги негираше наводите за вмешаност на Талибанците.

Оваа година 19 американски војници беа убиени во Авганистан, додека повеќе од 2.400 Американци загинале во речиси 18-годишната војна.

Треба да знаете
Последни објави