Search

Две жртви од едно каснување на змија отровница

Две жртви од едно каснување на змија отровница

Од едно каснување од змија отровница починаа две лица во Индија, мајка и бебето што го доела.

Индијка (35) била касната од змија додека спиела во својот дом во Мутарфарнагар во државата Утар Прадеш. Кога станала незнаејќи дека ја каснала змија, го доела бебето и така несвесно го отрула преку млекото.

Мајката и бебето не се чувствувале добро, а семејството ја нашле и змијата во еден дел од куќата.

Мајката и детето се префрлени во болница, но починале набрзо потоа.

Според студијата од 2011 година, од каснување од змија годишно во Индија умираат околу 46.000 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави