Search

Две дози од две различни вакцини предизвикуваат само благи нус појави

Повеќето луѓе кои примиле две дози вакцина против коронавирус од различни производители, имале лесни до умерени несакани ефекти, покажува најновото истражување на Универзитетот Оксфорд.

Истражувани се над 800 лица и се покажа дека имале мали несакани ефекти по мешањето дози на вакцини од Астра Зенека и Фајзер/Бионтек.

Како што е соопштено, несаканите ефекти биле краткотрајни и немало други безбедносни последици, а доброволците најчесто се жалеле на треска, замор, главоболки, замор и болки во мускулите.

Треба да знаете
Последни објави