Search

Две деца загинаа во торнадо во САД, 140.000 луѓе се без струја

Во торнадо кое ги зафати американските држави Тексас, Алабама и Мисисипи, две деца на возраст од 3 и 8 години го загубија животот, а неколкумина се повредени.

Во источниоВо торнадо кое ги зафати американските држави Тексас, Алабама и Мисисипи, две деца на возраст од 3 и 8 години го загубија животот, а неколкумина се повредени.

Во источнит дел на Тексас, двете деца загинале кога дрво паднало на автомобилот во кој тие биле, во градот Лафкин, соопштила канцеларијата на шерифот на тој округ.

Родителите, кои се наоѓале на предните седишта во возилото, не се повредени.

Повеќе куќи и деловни објекти во Виксбург и Хамилтон во Мисисипи се оштетени, а одделни домаќинства останаа без струја. Силно невреме синоќа го зафати градот Магнолија во Мисисипи, продолжувајќи кон Алабама.

Торнадото откронало дрвја во државниот универзитет во Мисисипи, а околу 21.000 студенти се засолниле во приземјето додека не поминало невремето.

Над 140.000луѓе останле без струја во Тексас, Мисисипи, Луизијана и Арканзас.

Треба да знаете
Последни објави