Search

Две години условeн затвор за струшкиот гинеколог Асани оти ординирал во „дива ординација“ во која ја „лекувал“ и Веапоска

Условна казна од две години затвор, која ќе се реализира ако стори ново кривично дело во наредните четири години, доби струшкиот гинеколог Мухамед Асани. Тој е осуден за давање на здравствени услуги без дозвола за работа, кои ги вршел со гинеколошки прегледи во сопствената куќа, наместо во струшката болница каде бил вработен и во еден мандат бил директор.

Струшкиот суд ја изрекол пресудата на 19 декември, пред да почне второто судење за гинекологот Асани, кој е обвинет и за тешки дела против здравјето на луѓето, откако на родилката Јилдз Веапоска, при породување со царски рез, и извади три органи.

Веапоска била и сведок во првата постапка за нелегалната ординација, во која и била одржувана и ризичната бременост, после која падна во кома беше оперирана и оставена без органи.

Судењето за предметот со извадени органи на Веапоска почна минатата недела, кога таа сведочеше за сопствената голгота во струшкиот суд, а наредното рочиште е закажано за 10 март.

Треба да знаете
Последни објави