Search

Двејн Џонсон би се кандидирал за претседател ако народот го сака

Ѕвездата на „Брзи и бесни“ Двејн Џонсон изјави дека би се кандидирал за претседател на САД доколку почувствува доволно поддршка од Американците.

48-годишниот Џонсон, еден од најплатените и најпопуларните холивудски актери, веќе неколку години кокетира со можна понуда за Белата куќа.

„Мојата цел е да ја обединам нашата земја и сметам дека ќе го сторам тоа ако народот сака,“ рече Џонсон, запрашан за неговите претседателски амбиции во интервју што се емитуваше во понеделникот во емисијата „Тудеј“.

Поранешниот професионален борач не кажа која партија ќе ја претставува или кога би можел да се кандидира за Белата куќа.

Неговите коментари уследија по онлајн анкета на јавното мислење, објавена од компанијата „Пиплсеј“ минатата недела, според која околу 46 проценти од Американците би гласале за Џонсон.

По објавувањето на анкетата, Џонсон, познат како „Д Рок“ или карпата, на својот Инстаграм напиша дека ќе му биде чест да му служи на народот.

„Не мислам дека нашите Татковци основачи некогаш помислиле дека ќелав и тетовиран полу-црнец кој пие текила и вози пикап комбе ќе им се приклучи во клубот – но ако тоа некогаш се случи, ќе ми биде чест да ви служам.“

Треба да знаете
Последни објави