Search

Два „сухои“ избркале американски бомбардер Б-52 од руската граница

Два руски авиони „сухој-27“ принудиле американски бомбардер Б-52 да се повлече од руската граница, соопшти Министерството за одбрана во четвртокот,пренесува ТАСС.

Бомбардерот Б-52 летал над меѓународните води воБалтичкото Море. Руската контрола на воздушниот простор го идентификувала далеку од границата и го ставила под надзор.

Два „сухои-27“ на воздухопловните одбрамбени сили добиле наредба да го идентификуваат и да го придружуваат американскиот авион.

Откако стратешкиот бомбардер Б-52Х го сменил курсот за да се оддалечи од руската државна граница, „сухоите“ се вратиле во базата, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Министерството за одбрана постави видение за инцидентот на страната на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави