Search

Два симптоми откриваат дека сте алергични на секс

Два симптоми откриваат дека сте алергични на секс

Тешко е да се препознаат алергиските реакции за време на сексот, бидејќи некои симптоми, како што се тешко дишење, забрзано срцебиење и зголемено потење, се вбројуваат меѓу нормалните појави во текот на сексуалните игри. Но ако ги занемарите алергиите на секс, тие може да се влошат понатаму и да остават трајни последици на вашиот сексуален живот.

Линдзи Доу, клинички сексолог, тврди дека алергиите на секс ги вклучуваат следните симптоми: отежнато дишење, осип, вагинално пецкање, оток, стегање во градниот кош, дури и губење на свест, дијареја и повраќање.

Линдзи Доу составила список на знаци на кои треба да обрнете внимание…

Најчестиот алерген
Спермата е најчестиот алерген. Да, може да бидете алергични на машката сперма, но научниците сè уште не се сигурни дали жените реагираат на спермата генерално или само на одредени мажи. Во основа, протеинот во урината активира алергиска реакција, болка и пецкање.

За да одбегнат алергиска реакција, жените што се пречувствителни на сперма треба да инсистираат на употреба на кондом во текот на сексуалниот однос. Но проблем е кога парот сака да зачне бебе. Тогаш, препорачливо е постапно изложување на алергенот, додека телото не се навикне и не развие отпорност или, пак, вештачко оплодување. Инаку, алергиите на спермата најчесто се прогресивни, па симптомите се влошуваат колку почесто личноста е изложена на алергенот.

Дали се чувствувате болно по оргазмот?
Во ретки случаи, луѓето може лошо да реагираат на сопствената семена течност, што се нарекува „orgasmic illness syndrome“. Симптомите се слични на грип, а се јавуваат непосредно по ејакулација. Растечен нос, отежнато дишење, главоболка, болки во мускулите и грозница се само некои од симптомите, кои медицината многу ретко ги поврзува со сексот.

Треба да знаете
Последни објави