Search

Два силни земјотреса ја погодија Турција

Два силни земјотреса утринава го погодија регионот околу главниот град на Турција. Првиот потрес бил регистриран во 9 часот утринава по локално време североисточно од престолнината Анкара. Неговата магнитуда изнесувала 4.7 степени според Рихтеровата скала, а  епицентарот бил во провинцијата Чанкара, североисточно од Анкара, на длабочина од 14 километри под површината на земјата.

Три минути подоцна земјотресот бил проследен со вторичен посилен земјотрес во истиот регион, а неговата јачина изнесувала 4.8 степени според Рихтер, јави турската Агенција за борба со природните несреќи. Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од четири километри под земјата.

Двата земјотреса предизвикале паника во населените места во непосредна близина до епицентрите на потресите. До овој момент нема податоци, ниту информации, за евентуални жртви, настрадани или предизвикана материална штета. Земјотресите биле почуствувани во Анкара и во соседните градови.

Треба да знаете
Последни објави