Search

Два нови случаи на заразени со коронавирусот во Косово

 Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека нови двајца испитаници денеска резултираа позитивни на Ковид-19, по што официјалната бројка на заразени со новиот вирус во земјата достигна до 108, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на ИШПК, двата нови случаи се потврдени откако претпладнево во Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово се завршени испитувањата на 24 лица за кои постоело сомневање дека се заразени од коронавирусот.

Едниот од новите пациенти, жител на Ѓаковица, бил заразен од контакт со двајца членови на семејството кои претходно биле дијагностификувани со Ковид-19, дода вториот, кој е од Приштина, се заразил при престој надвор од државата.

Вкупната бројка на испитаници во земјата, од 8 февруари заклучно со денешниот ден, изнесува 1.175.

Од 13 март, кога беа регистрирани првите две лица заразени од коронавирусот, во Косово се евидентирани еден случај на излечен од заразата и еден починат.

Треба да знаете
Последни објави