Search

Два милиони денари за инвестирање во рурален туризам

За инвестиции во рурален туризам годинава Министерството за економија ќе финансира проекти со вкупна вредност од два милиони денари. Ова на денешната средба пред сопствениците на туристичките капацитети од Источна Македонија го соопшти раководителот на секторот за туризам и угостителство при Министерството за економија Беким Хаџиу, кој истакна дека основен услов за добивање на овие средства е сопствениците претходно да ги исполнуваат потребните стандарди.
– Министерството за економија оваа година во делот на развој на руралниот туризам, во 2019 година финансиски ќе поддржи физички лица кои ќе развиваат рурален туризам и ќе инвестираат во отворање туристички капацитети, односно ќе инвестираат во рурални средини. За туристички капацитети во рурални средини обезбедени се два милиони денари, а средствата кои ќе ги добие еден субјект изнесуваат максимум 200 илјади денари или 60 проценти од вкупната инвестиција. Основен услов за искористување на средствата е туристичките капацитети да ги исполнуваат стандардите преку нивна категоризација, истакна Хаџиу.
Конкурсот за оваа поддршка, како што дополнија од Министерството за економија ќе биде објавен наскоро, но поради претстојните претседателски избори, средствата ќе бидат доделени по изборите.
Треба да знаете
Последни објави