Search

Двајца штитеници избегале од Домот „25 Мај“

Двајца штитеници во Домот „25 мај“ избегале од установата, информираат од МВР.

-На 24.06.2019 година во Полициската станица Гази Баба, социјален работник во домот „25 Мај“ пријавил дека од установата се оддалечил штитеникот М.А.(19), кој повеќе пати досега самоволно ја напуштал установата и би враќан од полицијата, велат од МВР.

Според полицијата, два дена претходно во ПС Гази Баба, од Домот пријавиле дека од установата се оддалечил штитеникот К.Д.(14) од Кавадарци, кој повеќе пати досега ја напуштал установата и бил враќан од полицијата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицатаа.

Треба да знаете
Последни објави