Search

Двајца цивили загинаа во размена на оган во Кашмир, Пакистан ја обвини Индија за инцидентот

Пакистан соопшти дека индиските власти отвориле оган на линијата на разграничување во спорниот регион Кашмир и дека во таа прилика погинале двајца цивили, додека уште еден е ранет.

Американските медиуми пренесуваат дека пакистанската и индиската војска често пати разменуваат оган во овој хималајски регион, но тензиите нараснаа по 5 август кога Њу Делхи еднострано ја укина автономијата на индискиот дел на Кашмир.

Пакистанската дипломатија соопшти дека до цивилните жртви дошло поради „неиспровоцирано прекршување на примирјето во пограничните села Топол извор  и Чирикот од страна на Индија”.

Министерството соопшти дека Пакистан повикал индиски дипломат и му врачил протест заради  контиунираните прекршувања на примирјето, што претставува „закана за регионалниот мир”.

Двете нуклеарни сили веќе двапати водеа војна за контрола врз Кашмир, регион што го имаат поделено и за кој и двете страни велат дека имаат право.

Треба да знаете
Последни објави