Search

Двајца уапсени во протестот пред иранската амбасада во Холандија

Групата демонтранти која протестираше против убиствата на двајца Иранци во Холандија, ја нападнаа амбасадата на Иран во Хаг и беа уапсени за нарушување на јавен ред и мир, соопштија холандски медиуми.

Протестот наводно започнал мирно но подоцна станал насилен.

Неколку демонстранти фрлале камења и предмети кон  амбасадата и се обиделе да влезат во објектот преку оградата.

Полицијата уапсила четворица осомничени, вклучително и синот на Ахмад Мола Ниси, лидерот на сепаратистичката група АСМЛА, која Техеран ја смета за терористичка организација.

Ниси, 52, беше застрелан пред влезната врата на неговата куќа во Хаг во ноември, 2017 година.

Другиот Иранец, Али Мотамед, беше убиен на сличен начин пред неговиот дом во Амстердам во декември, 2015. Иран вели дека тој е виновен за бомбашкиот напад во Техеран во 1981 во кој загинаа преку 70 лица.

Протестот започна откако владата на Холандија го обвини Иран дека има најмено криминални банди да ги убијат овие две лица, и откако Европската унија воведе санкции против Техеран за кој тврди дека водид „кампања за атентати во Европа

Треба да знаете
Последни објави