Search

Двајца туристи нападнати од рој пчели во Франција

70-годишен маж и 52-годишна жена беа нападнати од илјадници бесни пчели додека пешачеле во Брињон, околу 140 километри јужно од градот Клермон-Феран.

Двајцата туристи биле пренесени во болница во Пуј-ан-Велеј, изјавија спасувачите за АФП, откако туристите ги предупредиле службите за итни случаи за ројот пчели околу 11 часот наутро во вторникот.

Мажот е во критична состојба откако бил избоден неколку стотици пати низ целото тело и во устата.

Пожарникарите изјавија за АФП дека кога тие пристигнале, пчелите го имале покриено целото тело на мажот и голем дел од телото на жената, што го отежнували евакуирањето на туристите.

Шестмина од присутните дваесет пожарникари исто така биле каснати десетици пати.

Пожарникар Стефан Понс во едно интервју изјави дека пчелите не престанувале да ја касаат двојката. Медицинските лица не можеле да им пристапат на туристите, бидејќи така би ги довеле своите животи во опасност.

Треба да знаете
Последни објави