Search

Двајца Срби протерани од Косово

Косовската полиција протера од земјата двајца српски државјани, под сомнеж дека влегле илегално на територијата на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во полициското соопштение се вели дека осомничените при идентификацијата и контролата не можеле да докажат дека влегле легално во земјата.

На едниот од Србите му е изречена мерка насилно протерување и забрана за влез во Косово во траење од три месеци, додека на другиот, покрај што е протеран, му се забранува да влезе во земјата во наредните 12 месеци.

Настанот се случил во населбата Лепосавиќ, која се наоѓа во Митровичкиот регион во северно Косово, на самата граница со Србија.

Треба да знаете
Последни објави