Search

Двајца сноубордисти загинаа во лавина во Банско

Двајца сноубордисти загинаа во лавина во Банско

Две лица загинаа во снежна лавина која денеска околу 11 часот се случи над Банско, Бугарија. Според бугарските медиуми, едниот сноубордист загинал на лице место, додека другиот бил извлечен од затрупаниот снег, но набрзо им подлегнал на повредите.

Како што јавува бугарски „24 часа“, лавината ги влечела загинатите сноубордисти дури 800 метри.

Надлежните со денови апелирале на опасноста од лавини.

Треба да знаете
Последни објави