Search

Двајца скопјани каснати од кучиња скитници

Двајца скопјани пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници, информираше МВР.

Според полицијата, вчера во Полициската станица Кисела Вода, В.Н.(29) од Скопје пријавила дека околу 17.25 часот на булеварот Трета Македонска Бригада била касната од куче скитник во десната нога.

Во Полициската станица Центар, пак, вчера Ј.П.(53) од Скопје пријавил дека на 20.03.2019 околу 12.30 часот на плоштад „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Треба да знаете
Последни објави