Search

Двајца починати, потврдени нови 13 случаи со Ковид – 19, оздравени 44 пациенти 

Министерството за здравство соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 44 оздравени пациенти и тоа во: Скопје-5, Куманово-12, Прилеп-9, Велес-12, Битола-2, Кавадарци-1, Крушево-1, Неготино-2.

Во ГОБ „8 септември” почина пациент од Прилеп на возраст од 55 години, хоспитализиран на 22 април, кој 13 дена бил приклучен на респираторна машина. Во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран на 4 мај како сомнителен на Ковид-19, чиј брис постмортем покажал присуство на вирусот.

Во изминатите 24 часа, како што се посочува, направени се 292 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-3, Велес-5 и Битола-1.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.539 , бројката на оздравени пациенти е 1.057, на починати е 88, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 394. Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 515,       Куманово – 402, Дебар – 51, Штип- 34, Прилеп –162, Тетово – 93, Струга – 67, Велес – 86, Битола – 20,       Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 5, Радовиш – 4,     Крушево – 3, Кочани – 31, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево- 2, Делчево- 1, Валандово -1,  Виница – 2, Кратово -1.

Направени се 292 теста и тоа се преку: ИЈЗ –170, Ветеринарен факултет -23, Авицена –10, Биотек -30, Клиника „Жан Митрев” – 23, Систина со PCR метода  -12 и МАНУ -24.  Досега во земјата се направени вкупно 17.836 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примен е еден пациент, а вкупно хоспитализирани се 42. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација тројца пациенти.

Во ГОБ „8 септември” примени се пет нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 17. На респираторна машина е еден пациент, а уште четворица се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат тројца пациенти, а на домашно лекување се следи еден пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани четворица пациенти, а уште тројца се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави