Search

Двајца полицајци повредени во две сообраќајки во Скопје

На 04.08.2020 во 16.45 часот на ул.„518“ во Скопје во правец кон „Саем – Ќерамидница“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „поло“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник и патничко возило „ауди А8“, управувано од И.П.(27) од Скопје.

Во незгодата возачот и сопатникот од патничкото возило „поло“ се здобилe со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде биле пренесни за укажување на лекарска помош. За незгодата е  известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Увид на местото на незгодата направила екипа од СВР Скопје.

На 04.08.2020 околу 16.00 часот на улица Коста Новаковиќ во Скопје се случила сообраќајна незгoда помеѓу патничко возило „тојота“, управувано од Д.Н.(45) од Скопје, патничко возило „бмв“, управувано од А.Н.(24) од Битола и патничко возило „ауди“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник.

Во незгодата со телесни повреди се здобил полицискиот службеник,  констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. За незгодата е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Увид на местото на незгодата направила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави