Search

Двајца полицајци меѓу тепачите од Шутка

Двајца полицајци биле заедно со петмината насилници кои пред три дена претепаа и тешко повредија тројца полицајци во Шутка.

-Одделението за насилен криминал во Единица за насилен криминал при СВР Скопје поднесе две кривични пријави од кои едната до ОЈО -Скопје против Ѓ. Д.(44), Е.З.(31), У. Ќ.(30), С.Ј.(40) и А.И.(25) сите од Скопје и кривична пријава до надлежното ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција против лицата Е.З.(41) и А.З.(41) вработени во МВР,  кои не биле на работа, осомничени насилство, казниво по чл.386 ст.6 од КЗ на РМ, соопшти на денешната прес-конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Истрагата утврдила дека седуммината пријавени и други непознати лица на 28 јануари околу 19 часот во Шуто Оризари на улицата Индира Ганди ги нападнале и ги претепале Б. К., Ф.К. и  А.Р.

-Откако од страна на повеќе лица кои биле во толпата, бил сопрен автомобил „хундаи галопер“, во кое се превезувале К.Б. како возач, А.Р. и Ф.К. како совозачи настанала расправија,бидејќи пријавените се сомневале дека оштетените наводно грабнале дете во населба Шуто Оризари иако ниту едно семејство на територијата на Скопје не пријавил таков случај. Оштетените биле извлечени од возилото по што ги нападнале, иако А.Р. се легитимирал со службена легитимација и кажал дека е вработен во МВР, изјави Ангеловски.

По насилството повредените биле однесени во болница, а еден од нив се уште е во кома.

-За Е.З. и А.З. поведена е постапка за дисциплинска одговорност и времено им е прекинат работниот однос- рече Ангеловски.

„Нетпрес“ претходно објави дека станува збор за полицаецот Ерхан З., вработен во една од полициските станици во Скопје и неговиот брат Али З. кој е исто така вработен во МВР.

Треба да знаете
Последни објави