Search

Двајца повредени во судир на трактор и камион

Возач на трактор бил тешко повреден, а сопатничката полесно во сообраќајна несреќа кога со тракторот со кој се возеле се судриле со камион, вчера кај прилепското село Дебреште.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 18 часот, на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, кај влезот за селото Дебреште.Трактор „имт“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од О.М.(39) од селото Дебреште се судрил со камион „сканија“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Б.С.(33) од Крушево.

Од ударот со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, а со телесни повреди се здобила сопатничката О.С.(39). Двајцата биле пренесени во болницата во Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Треба да знаете
Последни објави