Search

Двајца повредени во судир на камион и два автомобили

Жена била тешко повредена во судир на камион и два автомобила, вчера кај Битола, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 16.30 часот на Кукуречанска крстосница – Битола. Тогаш се судриле камион „Ман“ со полуприколка „Шмитц-Гота“, управуван од М.Љ.(50) од Богданци, автомобил „рено меган“ што го управувал Д.Ш.(63) од село Вирово, демирхисарскокако и автомобил „фолксваген голф“ управуван од Ц.Е.(55) од Неготино.

Во незгодата тешко е повредена сопатничката во „голфот“, М.Е.(35) од Неготино, која била пренесена во Клиничката болница во Битола, а лесно повреден е возачот на „реното“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Треба да знаете
Последни објави