Search

Двајца повредени во судир на камион и автомобил

Двајца кичевци се тешко повредени откако автомобилот во кој се возеле се судрил со камион, вчера во Скопје, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 11 часот на крстосницата од улиците Џон Кенеди и улицата Кемал Сејфула. Тогаш се судриле камион „мерцедес актрос“ со скопски регистарски таблици управувано од И.К.(44) од Петровец и  автомобил „Пежо 307“ што го управувал У.С.(36) од Кичево.

Во несреќата тешко е повреден У.С., а сопатничката Ш.Ј.(33) од Кичево е лесно повредена.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави