Search

Двајца повредени во сообраќајка во Гази Баба

Двајца се повредени  во судир на два автомобили, вчераво скопската населба Гази Баба, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 18.30 часот на улицата Архимедова.

Тогаш автомобил „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од скопјанецот Ш.И.(37) се судрил во автомобил  „мерцедес  А180“ што го управувала А.А.(26) од Скопје.

Во судирот А.А. била тешко повредена, а сопатникот во „полото“, С.Г.(42) од Скопје е полесно повреден. Двајцата со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави