Search

Двајца пациенти од сообраќајката кај Ласкарци се во тешка состојба, останатите се опоравуваат

Во Градската општа болница „8 септември“ во моментов се наоѓаат 8 пациенти од повредените лица во сообраќајната несреќа која се случи на автопатот Скопје – Тетово на 13 февруари, информираат од Министерството за здравство.

Од нив, еден пациент е во тешка состојба и се лекува на одделот за хируршка-интензивна нега, а останатите пациенти се во добра општа состојба.

„Што се однесува до состојбата на повредените кои се сместени во комплексот клиники, информираме дека на КАРИЛ во моментов се третираат тројца пациенти, од кои еден е во тешка состојба, додека другите двајца се стабилни“, се наведува во соопштението на министерството.

Во него се додава дека и на Универзитетската клиника за неврохирургија има една пациентка која во моментов е во стабилна состојба.

Од надлежното министерство додаваат дека пациентот од трауматологија во текот на денешниот ден ќе биде пуштен на домашно лекување.

Треба да знаете
Последни објави