Search

Двајца независни унгарски пратеници избркани од државната телевизија

Припадниците на обезбедувањето избркале двајца независни пратеници од државната телевизиска станица на Унгарија, откако тие се обиделе да ја прочитаат петицијата.

Нивниот обид да ја прочитаат петицијата следува откако ден претходно за време на протестите полицијата со солзавец ги растеруваше демонстрантите во Будимпешта, пишува РСЕ.

Двајцата пратеници беа меѓу десетте члена од парламентот кои ноќта ја поминаа во државната телевизија, во рамки на демонстрациите против политиката на премиерот Виктор Орбан.

Во петицијата се наведуваат барањата од протестите, меѓу кои е и повикот за повлекување на новиот закон за работа, независност на јавните медиуми и судовите.

Во неделата околу 10.000 демонстранти учествуваа на протестот наречен „Среќен Божиќ господине премиер“. Тоа беше четвртиот и досега најголемиот собир во последните седум дена против, како што велат демонстрантите, сè поизразената авторитана власт на Орбан.

Протестниот марш беше главно мирен сè додека полицијата не употреби солзавец пред зградата на државната телевизија.

Треба да знаете
Последни објави