Search

Двајца навивачи го гледаа натпреварот на Баерн против Унион од 12-метарско дрво

Двајца навивачи се обидоа да го следат натпреварот во Бундеслигата меѓу Унион Берлин и Баерн Минхен во живо, и покрај ограничувањата поради коронавирусот.

Навивачите се искачија на 12-метарско дрво во близина на стадионот на Унион. Извесно време го гледаа натпреварот, но беа забележани од полицијата, која ги принуди да се симнат.

Полицијата не ги казни сторителите и само ги принуди да ја напуштат територијата.

Треба да знаете
Последни објави