Search

Двајца млади претприемачи од Неготино нудат решение за бесконтактно купување во Тиквешијата

Најдобриот млад научник за 2017 година во државава, Сретен Давидов, и уште еден претприемач од Неготино, Ѓорѓи Манев, во време на коронавирус нудат решение за бесконтактно купување во Тиквешијата. На маркетите  им нудат  можност за користење електронска платформа за бесконтактно купување преку избор на продукти и плаќање со картичка преку интернет, од дома.
– Моменталната ситуација бара промени. Целта  е да се понуди иновативен начин,  за намалување на ризокот од ширење на заразата со вирусот, кој се лепи и на пари. Ги охрабруваме газдите и други правни лица да го искористат решението. По купувањето  преку интернет, потребно е само кратко да се отиде до маркет и да се подигнат порачаните производи, кои веќе од претходно се спакувани од страна на вработените, вели Давидов, кој е доктор на науки и работи во Словенија.

Тој појаснува дека концептот  е базиран на три чекори. Да се изберат производите кои се сака  да се купат, да се плати со картичка и да се преземат од маркет во време кое го определува  самиот купувач кога ја прави нарачката.

-Значи, нема комуникација со други купувачи во маркетот, нема чекање на каса, има само еден чекор, а тоа е преземање, нагласува Давидов.

Треба да знаете
Последни објави