Search

Двајца малолетници на мотоцикл повредени во сообраќајка

Двајца малолетници од Скопје биле тешко повредени откако со мотоциклот на кој се возеле се судриле со автомобил, вчера во скопското село Марино.

Според плицијата, сообраќајката се случила 10 минути по полноќ, на улицата 532 во селото Марино.

Автомобил „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.Г.(49) од Скопје се судрил со мотоцикл „линбен“ управуван од малолетник, а на кој се превезувал друг малолетник.

Од ударот со тешки повреди се здобиле двајцата малолетници кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ .

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави