Search

Двајца кумановци за непочитување на полицискиот час ќе платат по 1.000 евра

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Предлог за издавање казнен налог против две лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите  на 25.03.2020 година за време на полицискиот час со возило се движеле низ градот и со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID – 19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија.

За стореното кривично дело, јавен обвинител на Основниот суд во Куманово му предложи да изрече парична казна за обвинетите во висина од по 50 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 20 евра во денарска противвредност.​

Треба да знаете
Последни објави