Search

Двајца италијански пратеници тајно снимени додека имаат секс во тоалетот на Комората на пратеници во Рим

Двајца италијански пратеници се фатени на дело како ја „мешаат страста со политиката“. Тие биле тајно снимени додека имаат секс во тоалетот во Комората на пратениците во Рим, објавија италијанските медиуми.

Сексот бил снимен со паметен телефон, а во него учествувале пратеници од „Движењето за пет ѕвезди“ (M5S) и „Лега Норд“, па според медиумите, тоа укажува дека коалициските партнери не се само блиски во професионална смисла.

Италијанскиот весник „Ил Џорнале” прв ја објави приказната, но соопшти дека нема да коментира за сексуално обвинетите виновници.

„Ги знаеме нивните имиња, но не ги објавуваме јавно, бидејќи приватноста е право на секој“ соопшти весникот.

Директорот на весникот „Ил Темпо“, Франко Бечис, исто така не ги објави имињата на двајцата пратеници, само кажа дека се високи и убави, како и дека сите ги знаат нивните имиња.

Додека некои го осудваат секс скандалот меѓу пратениците, потпретседателот на Комората на пратеници, Еторе Росато од Демократската партија, се чини дека нема проблем со рандевуто во тоалетот. Тој рекол дека неговите партиски ривали паметно го искористиле нивното време. „Конечно, добар начин да се искористи времето тука“ рекол Росато.

Треба да знаете
Последни објави