Search

Двајца загинати во пукотница во ноќен клуб во Сан Антонио

– Полицијата во Сан Антонио синоќа се јави на повик од ноќен клуб во градот каде избила караница помеѓу посетители на барот по што едно лице извлекло пиштол и почнало да пука, изјавија од полицијата на прес-конференција.

Вкупно седум луѓе биле погодени во пукотницата, од кои 21-годишен човек починал во клубот, додека второто лице им подлегнало на повредите подоцна во болница, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Од полицијата изјавија дека засега никој не е уапсен и работат на тоа да се идентификува кој го започнал пукањето.

Во клубот истата вечер се одржувал рап концерт.

Треба да знаете
Последни објави