Search

Двајца загинати во нападот од Израел на Сирија

Две лица загинаа поради рани од шрапнели, а неколку се повредени во нападот на израелските воздухопловни сили врз објекти во Сирија, јави сириската новинска агенција САНА повикувајќи се на извори од терен.

„Загинаа маж и жена, а многимина се ранети во агресијата на гратчето Бајтт Сабер во Сас, југозападно од Дамаск“, вели извор од локалната болница.

Во извештајот се прецизира дека загинатите биле во куќа која претрпела еден од ударите, а сите ранети се хоспитализирани. Во друго предградие на Дамаск е повредена девојка.

Тел Авив во вторникот соопшти дека пресретнал четири ракети истрелани од територијата на Сирија, а ноќеска во Дамаск одекнаа експлозии. Израел изјави дека извел напад на десетина цели, од кои поливината им припаѓаат на иранските сили.

Меѓу Сирија и Израел не постојат дипломатски односи. Од создавањето на двете држави тие се во војна. Конкретно, двете земји имаат долгогодишен територијален спор околу статусот на Голанската Висорамнина.

Израелската војска повеќе пати напаѓаше цели во Сирија, објаснувајќи ги своите дејства со тежнеењето да спречи современото оружје да не дојде до рацете на непријателот. Пред се станува збор за либанското движее Хезболах, кое во овој регион се бори на страната на Башар ал Асад и кое е под контрола на Техеран.

 

Треба да знаете
Последни објави