Search

Двајца загинати во експлозија на бензинска станица во близина на Рим

Две лица загинаа, а  најмалку 17 се повредени во експлозија на бензинска станица на автопат на околу 40 километри североисточно од Рим, соопштија пожарникарските служби.

Како што соопштија властите, меѓу загинатите е и еден пожарникар, а уште седум негови колеги се повредени.

Според медиумите, трагедијата се случила кога дошло до пожар во цистерна која полнела еден од резервоарите со гориво на пумпата. Тогаш дошле да интервенираат пожарникарите, но пламенот го зафатил и самиот резервоар кој екплодирал.

Треба да знаете
Последни објави