Search

Двајца епидемиолози од Институт за јавно здравје позитивни на Ковид 19

Двајца епидемилозија кои работат во Инситут за јавно здравје се позитивни на Ковид 19, неофицијално дознава Скопје Инфо. Според информациите ова се стручните лица кои ги прават анкетите и кои собираат информации од лицата кои се потенцијално заразени од коронавирусот.

Неофицијално, заразата кај овие две лица сериозно ќе се одрази на понатамошната работа на институтот за јавно здравје со оглед на тоа дека вкупниот број на епидемиолози кои работат во оваа институција е пет.

Неофицијално, во следните денови ќе се намали бројот на земени брисови и направени тестови, а со тоа и бројката на лица кои се позитивни треба бележи надолна тенденција.

Треба да знаете
Последни објави