Search

Двајца возачи и сопатник повредени во сообраќајка

Возач бил тешко повреден, а уште еден возач и сопатник полесно, во директен судир на два автомобили, вчера на крстосницата од патот за битолското село Лисолај  – Битола.

Автомобил „шевролет спарк“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.С(25) од демирхисарското село Белче се судрил со автомобил „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.М(32)од Битола.

Во сообраќајката со тешки повреди се здобил возачот во автомобилот „опел  корса“ и бил пренесен во Клиничка болница Битола.

Возачот на „спаркот“ и сопатникот од другото возило биле полесно повредени.

Извршен бил увид на местото.

Треба да знаете
Последни објави