Search

Двајца албански новинари уапсени за ширење паника

Двајца новинари нa албанските медиуми Сири.нет и Шекули, се уапсени за наводно oбјавување лажни вести во кои најавуваат катастрофален земјотрес и ги поикуваат граѓаните да ги напуштат своите домови, соопштија од полицијата, јавуваат албанските медиуми.

Аурел Ракиплари од Порталот Сири и Даниел Гриц од „Шекули“ се уапсени за ширење лажни вести и паника кај граѓаните. По објавувањето на информациите, во кои новинарите ги наведоа проценките на грчки астролог, реагираше премиерот Еди Рама, нарекувајќи го тоа „лажна вест“, што е кривично дело на ширење паника. „Секој идиот што пишува вести за земјотрес треба да биде санкциониран“, напиша Рама на својот профил на „Фејсбук“. Веднаш потоа, беа уапсени двајца новинари.

Полицијата соопшти дека формирала специјална истражна група која, наводно, целосно ќе го открие потеклото на оваа злонамерна вест, која создала страв и паника кај граѓаните.

Државната полиција ги повика граѓаните да останат смирени и да не бидат жртви на злонамерни најави, со уверување дека секој што ќе шири вакви информации ќе биде соочен со владеењето на законот. Од медиумите е побарано да бидат повнимателни во врска со извештаите и да ги базираат информациите за официјалните одобренија.

Треба да знаете
Последни објави