Search

Дванаесет пратеници бараат пропорционален изборен модел со една изборна единица

Пропорционален изборен модел со една изборна единица и отворени листи е предлогот за измена на Изборниот Законик, за кој 12 пратеници од помалите и од партиите со етнички предзнак поднесоа иницијатива до претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Според нив, околу 30-40 илјади гласови во секој изборен процес отпаѓаат бидејќи лицата во изборните листи не успеваат да го собираат потребниот број на гласови во изборната единицата каде што се наоѓаат. Движење Беса и Алијанса за Албанците, ја поддржуваат иницијативата, но бараат земјата да има три изборни единици.

Пратениците барањето го засноваат и врз основа на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР од последните парламентарни избори. За таа цел, писмено побарале состанок со претседателот на Собранието, Талат Џафери, и со претседателите на трите партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои го водат овој процес.

Според нив, најголемиот недостиг на овој модел е ограничувањето за листи на партии или поединци да обезбедат мандат доколку немаат концентрација на гласови во една изборна единица. Поради тоа, велат тие во парламентот може да влезат, со мали исклучоци, само неколку поголеми партии.

Треба да знаете
Последни објави