Search

Дванаесет починати од Ковид-19, 161 новозаболени

Во последните 24 часа се направени 771 тестирања, а регистрирани се 161 нов случај со Ковид-19 во: Скопје-90, Куманово-11, Штип-2, Прилеп-6, Тетово-5, Велес-4, Кавадарци-2, Гостивар-15, Струмица-8, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-2, Берово-6, Валандово-1, Делчево-2, Кичево-2. Починати се 12 пациенти од кои седум од Скопје (56 г., 86 г., 71 г., 57 г., 41 г., 86 г. и 82 г.), еден од Струга (67 г.), еден од Тетово (85 г.), еден од Битола (68 г.), еден од Кавадарци (56 г.) и еден од Прилеп (63 г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од: Скопје-62, Куманово-6, Штип-4, Прилеп-6, Тетово-7, Струга-4, Велес-3, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-5, Гевгелија-2, Струмица-10, Радовиш-4, Кочани-12, Пробиштип-6, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-4, Свети Николе-2, Кичево-2.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 23788, бројката на оздравени пациенти е 17392, на починати е 846, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5550. Од вчера се евидентира еден конторлен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 9942, активни 2674

• Куманово 1986, активни 225

• Дебар 309, активни 50

• Штип 1446, активни 159

• Прилеп 931, активни 226

• Тетово 1727, активни 288

• Струга 749, активни 75

• Велес 433, активни 97

• Битола 466, активни 151

• Охрид 510, активни 86

• Кавадарци 323, активни 85

• Гостивар 1040, активни 104

• Гевгелија 267, активни 141 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 38 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 588, активни 358

• Крива Паланка 178, активни 62

• Радовиш 172, активни 70

• Крушево 20, активни 0

• Кочани 569, активни 195

• Пробиштип 141, активни 20

• Демир Хисар 65, активни 4

• Македонски Брод 98, активни 4

• Пехчево 53, активни 7

• Берово 170, активни 44

• Валандово 83, активни 47

• Виница 150, активни 49

• Делчево 212, активни 116 (40 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 31, активни 7

• Свети Николе 424, активни 58

• Кичево 418, активни 78

• Ресен 201, активни 38

• Неготино 86, активни 32 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 771 теста се преку: ИЈЗ-368, ЦЈЗ Скопје-45, Авицена-0,  Биотек-29, Жан Митрев (Филип Втори) -158, Систина со PCR метода -154, Инфективна клиника-10, ГАК-7. Досега во земјата се направени вкупно 221.782 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се седум пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти од кои на кислородна поддршка се 61 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се шест деца и шест мајки позитивни на Ковид-19, две деца и три мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” има примени се двајца пациенти. Вкупно хоспитализирани се 47 пациенти од кои на респиратор се четири пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 230, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 115

• Гази Баба – 280

• Аеродром – 534

• Карпош – 446

• Центар – 445

• Кисела Вода – 320

• Ѓорче Петров – 216

• Бутел – 111

• Шуто Оризари – 16

• Студеничани – 5

• Сарај – 16

• Арачиново – 8

• Илинден – 36

• Сопиште – 21

• Чучер Сандево – 9

• Петровец –17

• Зелениково – 8

• Странец – 12

• Нераспределен- 59.

Треба да знаете
Последни објави