Search

Дванаесет години затвор за австралиски тинејџер-симпатизер на Исламска држава

Австралискиот суд во Сиднеј во вторникот осуди тинејџер на најмалку 12 години затвор за планирање напад инспириран од Исламска држава за кој купил ножеви и бајонети од продавница за оружје пред две години.

Тинејџерот, кој сега има 18 години и не може да биде именуван поради правни причини, беше уапсен пред муслиманската молитвена сала во западното сиднејско предградие Бенкстаун во октомври 2016 година и беше прогласен за виновен за заговор за напад во септември.

При изрекувањето на казната во Врховниот суд во Парамата, во западниот дел на Сиднеј, судијата Џефри Белел го отфрли тврдењето на обвинетиот дека го купил оружјето за на лов.

Во времето на неговото апсење, сторителот бил со намера, подготвен и способен да спроведе терористички напад. Тоа одразува длабока и несомнена мотивација да дејствува и да ги спроведе на дело ирационалните, неморални и грозоморни совети од екстремистичка пропаганда на ИД,“ рече судијата.

Тинејџерот признал на суд  дека бил симпатизер на ИД кога го купил оружјето, но негирал каков било план да го употреби во терористички напад, велејќи дека му требале за на кампување и на лов.

Поради несоборливите докази против тинејџерот, тој бил осуден на 16 години затвор со период од 12 години без можност за помилување.

Треба да знаете
Последни објави