Search

Дваесет и шест најбогати во светот тежат колку најсиромашните 3,5 милијари луѓе

26 најбогати луѓе во светот имаат богатство кое е еднакво на парите на најсиромашните 3,5 милијарди луѓе на планетата, според АФП.

Вкупното богатство на милијардерите се зголемувало за 2,5 милијарди долари секој ден во 2018 година.

Ова го објави организацијата Оксфам неколку дена пред Светскиот економски форум во Давос.

Според податоците, контото на најбогатиот во рангирањето, извршниот директор на Амазон, Џеф Безос, минатата година се зголемила на 112 милијарди долари.

Само еден процент од неговото богатство е еднакво со целиот здравствен буџет на Етиопија, земја со население од 105 милиони луѓе.

Извештајот повикува на воведување на итни мерки за борба против растечката нееднаквост, како што се наметнување повисоки даноци на супер-богати.

Се предупредува дека јазот помеѓу најбогатите и најсиромашните прави штети на економиите и предизвикува јавен гнев.

Станува збор за апсурди како најсиромашните плаќаат повисоки даноци од најбогатите кои често се фатени во даночни измами за перење на милијардидолари или евра.

Се препорачува да се инвестира повеќе во здравството и образованието за да се подобри состојбата на најсиромашните.

Десетици илјади умираат поради недостаток на пристап до здравствена заштита, а 262 милиони деца се надвор од училиштето поради неможност да се стекнат со образование, алармира „Оксфам“.

Треба да знаете
Последни објави