Порталот „Мисозолоџи“ (Missosology) состави листа од 20 земји во светот во кои живеат најубавите девојки.

Листата е составена врз основа на анализа на повеќе светски избори за убавина (Мис Свет, Мис Универзум, Мис Ерт, Мис Интернејшнал, Мис Супранејшнал) одржани 2018 година.

Според порталот на 20 место е Холандија, а пред неа се Австрија и Белорусија.

На 17 место се девојките од Напел, а потоа следат Романија, Јапонија, Полска, Бразил, Австралија и Јамајка.

На десетото место според „Мисозолоџи“ се девојките од САД, потоа Колумбија, Индонезија, Порторико и Тајланд на шесто место.

Девојките од Виетнам се на петто место, на четврто Јужноафриканките.

Додека на трето место се девојките од Мексико, на второ од Филипини, а првото место му припадна на девојките од Венецуела.