Search

Дваесет години затвор за петмина за запленетата марихуана на Плетвар, само полицискиот командир не призна вина

Петмина обвинети за шверц на 200 килограми марихуана која во април беше запленета во близина на Плетвар во полициска акција во која учествуваше американската ДЕА, признале вина и се спогодиле на затворски казни од три и пол до пет години.

Само екс командирот на прилепската полиција, Кире Спиркоски (46), кој е во домашен притвор, не ја призна вината и него го очекува судски процес.

Спогодбата склучена во средата кога е донесена и пресудата ја потврди Кривичниот суд.

„На ден 06.10.2021 година склучена е Предлог-спогодба помеѓу Јавен Обвинител и обвинетите:
Д.Ј.(35) од Струмица, А.У.(45) од Скопје. М.З.(29) од Куманово, М.С.(36) од Битола и Г.К.(25) од Скопје при што е донесена пресуда со која: обвинетите А.У и Д.Ј. се осудени на казна затвор во траење од 5 години а М.З., М.С. и Г.К. се осудени на казна затвор во траење од 3 години и шест месеци“, соопштија од судот.

Осомничените, како повеќе лица неовластено заради продажба, набавиле, држеле и пренесувале марихуана со вкупна тежина од 199, 444 килограми. На почетокот на април Д.Ј., откако пронашол потенцијални купувачи на марихуаната, договорил продажба со  А.У. , кој дрогата ја држел на засега неутврдена локација. Тој ги ангажирал  останатите осомничени, па  М.С. марихуаната ја пренел марихуаната до паркинг во село Радобил, прилепско, а Г.К., М.З. и Спиркоски со возила што тие ги управувале го придружувале.

Купопродажбата на марихуана била договорена со  НН лице од Р.Грција и требало да се реализира на 9 април откако од паркингот во Радобил дрогата спакувана во 40 картонски кутии била префрлена од „Ивеко“ со македонски национални регистарски ознаки во комбе „Цитроен Џампер“ со грчки национални регистарски ознаки. Петмина од групата со комбето и три автомобили тргнале кон Гевгелија, но на Плетвар биле уапсени од „тигрите“.

Треба да знаете
Последни објави